Mостот на Босфор ќе биде именуван во „Мост на мачениците од 15 jули“

Date:

Share post:

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, по седницата на Владата на Турција со која раководеше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во Истанбул и Анкара ќе им бидат подигнати споменици на жртвите од државниот удар кој се случи на 15 јули, а третиот Босфорски мост ќе биде именуван „Мост на мачениците (шехиди) од 15 jули“, јавува Anadolu Agency (AA).

Нагласи дека исто така се можни и помали уставни промени за да, како што објаси, се отстранат негативните резултати предизвикани од застојот на системот.

Turski premier„Можно е со консензус да дојде до помали уставни промени за да се отсранат сите негативни резултати предизвикани од застојот на системот за ова кратко време. Заедно ќе работиме за да направиме основа за тоа.Меѓутоа, видовме дека постои и заеднички став околу тоа дека сите партии треба да учествуваат во подготовка на новиот Устав. Донесовме одлука и да се продолжи со недовршениот процес во врска со ова прашање”, рече Јилдирим.

Напомена дека Командата на жандармеријата и Командата на крајбрежната безбедност ќе бидат припоени на Министерството за внатрешни работи.

„На денешниот состанок разговаравме и донесовме одлука за прашањата на одлуките кои имаат законска тежина. Во врска со тоа, Врховната команда на жандармеријата и Командата на Крајбрежната безбедност се припоени на Министерството за внатрешни работи. Одлуката за тоа ќе биде објавена”, рече Јилдирим.

Истакна дека исто така вмешаните во обидот за пуч се откриваат едни со други, додавајќи дека сите вмешани ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Оние кои се осмелија да го извршат тој чин се откриваат еден по еден. Едни со други се откриваат. На крај, ќе се види кој е вмешан, а кој не е. Сите вмешани ќе бидат изведени пред лицето на правата каде ќе одговараат”,рече Јилдирим.

/АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img