Младите Македонци од Австралија со честитки до Владиката Тимотеј

Date:

Share post:

Македонска православна младина од МПЦ во Австралија испратила писмо со честитки за јубилејот на Митрополитот Тимотеј, кој сега е и надлежен администратор на австралиско-сиднејската Епархија на МПЦ.

mak-mladina-Со особена радост Ви ги честитаме Вашите два значајни јубилеи: 65 години од Вашето раѓање и 35 години од Вашата архиерејска служба во Македонската Православна Црква. Честитајќи Ви ги Вашите значајни јубилеи, но и спомнувајќи си за Вашата искрена и саможртвена архиерејска посветеност на нивата Господова сиве сите години, го молиме Троедниот Бог – да Ве дарува со долголетие, крепко здравје, татковска љубов, сила и мудрост за правилно да раководите со Вашата Богомдарувана и доверена паства и да зрачите по примерот и ревноста на светите Седмочистленици во одбрана на вистинското Православие, стои во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img