Митрополитот на Варна апелира за дарување крв за повредените во Кочани

Date:

Share post:

Варненската и Великопреславска митрополија на Бугарската Православна Црква повикА за дарување крв за тројцата млади од Кочани, кои се лекуваат во Воено-медицинската академија – Варна.

-Итно се бараат дарители на крв со крвна група А (-). Во Военомедицинската академија во Варна се наоѓаат тројца млади луѓе во кома, кои настрадаа од трагичниот настан во Кочани. За дарување треба да се оди таму, на лице место. Крвната група е ретка, а потребни се по три трансфузии дневно за секого! Да бидеме солидарни! Тие што немаат можност да даруваат крв, нека ја споделат информацијата – и тоа е од голема помош! Драги пријатели од Варна и околината, ве молиме тие што можат, нека помогнат, стои во апелот.

На 18 март митрополитот Варненски и Великопреславски Јован отслужи помен за загинатите и ја посети Военомедицинската академија во Варна, каде што на Клиниката за изгореници се хоспитализирани настраданите во трагедијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img