Македонскиот Каритас донираше за поплавите

Date:

Share post:

Во големото невреме кое го зафати Скопје во сабота вечерта, 6 август 2016 година, загинаа над дваесет луѓе. Невремото нанесе и голема материјална штета, оштетени се домови, улици, автомобили…

karitas poplavaМакедонски Каритас, во неделата интервенираше со делење сува облека во населбите кои се најмногу погодени од поплавите, а во понеделник 8 август Каритас во Стајковци испорача млеко и облека во прифатниот центар, кој е сместен во училиштето, од каде помошта се распределува на настраданото население.

Светата Литургија во Скопската катедрала во недела 7 авуст ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, а верниците во молитвите се спомнаа на оние кои ги загубија животите, како и оние кои се директно погодени од ова невреме.

/КАТОЛИЦИ.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img