Македонски вернички во Сиднеј во донаторска акција за борба против ракот на дојката

Date:

Share post:

Женската секција при црковната општина на Македонската православна црква Света Петка во Рокдаел Сиднеј денеска на 22 октомври организирала хуманитарна акција в о соработка со фондацијата за борба против ракот на дојката.

На донаторскиот ручек и годинава интересот бил огромен, а како што соопштуваат организаторите биле собрани 13.550 австралиски долари, кои ќе бидат приложени во фондот.

Женската секција при МПЦО св. Петка во Рокдаел веќе девет години го организира овој настан и е една од организациите кои се меѓу најактивните и најуспешни организации во државата Нов Јужен Велс Настанот го поздрави г-ѓа Розмери Петровиќ од фондацијата за борба на ракот на дојката, која и самата ја поминала оваа болест.  Голема благодарност на сета македонска заедница која отворено го подржува настанот и се срдечно донираат за помош со оваа лоша болест, велат од женската секција на МПЦО Св. Петка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img