Има една анегдота за тоа како Рампо и жена му сакале да станат Американци. Ама единствен начин бил да пливаат до брегот на САД. И пливале тие, пливале…и стигаат на копно. Среќни, станале Американци. Жена му се врти, гледа на 100 метра од брегот во водата пливаат и децата… Рампо, абе децата дај помогни… Ма пушти ги Цигани…
Е така, некако почна да се однесува и МПЦ-ОА, откако благодарение на Фанар, по кој секако денес масовно плукаат и верници и попови и владици, исплива на брегот на канонски цркви во мај 2022 година. Однесувајќи се како голема и важна Црква, исто како што Рампо се однесувал како голем и важен Американец, почна да се расфрла со тешко навредливата етикета „расколници“, „расколнички цркви“, кога зборува за некои од непризнатите православни цркви.
На пример, официјалниот црковен портал Литургија, напишал вест за барањето на Михаило, од Црногорската црква за еклитон до Вселенската патријаршија, па со потсмев ја нарекува ЦПЦ расколничка. Фактот дека ЦПЦ се смета во православниот свет за Црква во раскол е неспорен, но јавно да ја етикетираш, само со цел да му се допаднеш на Црковен Белград, а притоа од ист таков раскол, по 55 години, си излегол пред само три години, е во најмала рака дрско и срамно.
Никој не вели дека МПЦ треба да ја легитимира Црногорската црква, без да има какво било решение за нејзиниот статус, но доволно е барем да сочувствува со нејзиното право за борба за самостојност, исто како што до пред три години МПЦ бараше светот да сочувствува со правото за борба за својата самостојност. Не коректно и нехристијански е други да ги етикетираш со терминот што најмногу те погодувал, кога други тебе те етикетирале.
Но, тоа е. Времиња.
И да. И Црна Гора ги има истото право за своја автокефална црква, како што го има и Македонија, но и Укрина, без разлика на тоа дали на дел од високиот клир на МПЦ-ОА тоа сега тешко им паѓа.

