Еден маж е тешко повреден во понеделникот во воз во британската престолнина Лондон, објави полицијата, а очевидци изјавиле дека напаѓачот со нож извикувал закани за муслиманите.
Тешко повредениот нападнат маж е одведен во болница, соопшти портпаролката на British Transport Police (BTP). Уапсен е 38-годишен маж кој е обвинет за нападот.
Според соопштението на полицијата, нападнатиот не е животно загрозен, Нападнат е во возот на станицата „Форест Хил“, во јужниот дел од Лондон, додала портпаролката.
Еден од сведоците изјавил дека напаѓачот извикувал „Смрт на муслиманите“ и „Вратете се во Сирија“

