Архиепископот Стефан отслужи литургија за Свети Никола, заштитник на градот Штип.
На литургијата сослужуваа митрополит Брегалнички Иларион, викарниот епископ Стобиски Јаков и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф.
По литургијата владиците на МПЦ-ОА, заедно со верници, низ улиците на Штип одржаа и свечена литија со иконата на Свети Николај, заедно со дел од неговите свети мошти.
На богослужбата присуствуваа и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, министерот за локална самоуправа Златко Перински, директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска.

