Која е заштитничката на девојките?

Date:

Share post:

Верски календар: 21 Јануари

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Јања

Пораснала во богата патрицијска фамилија. Уште во раната младост почнала да верува во Христос и се заколнала дека нема да се мажи. Префектот на градот Рим и понудил да му биде жена на неговиот син, но Јања одбила. Бидејќи била христијанка, тоа се сметало за злосторство против државниот префект. Била изведена пред суд и умрела маченички во 304 година, за време на прогонствата на Диоклецијан. Јања е заштитничка на девојките и многу од нив, одушевени од нејзината невиност, го посветиле нивниот живот на Исус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img