Изборот на нов бугарски патријарх, што треба да се случи до крајот на месецот, ја окупира бугарската црковна јавност.
Според настапите на црковните аналитичари во медиумите во Бугарија, овој избор на Патријарх е исклучително важен и за БПЦ, но и за државата. Главната битка е дали ќе се спречи на чело на БПЦ да дојде човек кој ќе биде под влијание на урската црква, или пак БПЦ ќе се одлучи да сврти нова страница.
Последната одлука на петмина владици да сослужуваат со владици на православната црква на Украина предизвика тектонски потреси во самата црква. Дополнително изборот на нов Сливенски митрополит исто така помина со торбуленции. Сепак, ако се суди по изборот на новиот митрополит, тогаш се чини дека владиците на БПЦ кои се решени да ги раскината тесните врски со Црковна Москва се мнозинство во Синдот. Дополнително на нивна страна е уште еден глас, новиот Митрополит на Сливен.
Иако Пловдискиот митрополит Николај, кој се смета како најистурен член на Синодот во моментов против руското влијание, најавува дека нема да биде избран за нов Патријарх, сепак неговото име останува најекспонирано во јавноста.
За одбележување е неговата последна изјава пред медиумите, каде на прашањетго од новинарите, кој ќе биде избран за Патријарх, Николај вели:
„И На ум не ви паѓа кој ќе биде патријарх. Тоа само Бог го знае. Затоа што тоа е Божествен повик“, изјави Николај Пловдиски.
Некои аналитичари, освен што во оваа изјава читаат дека само Бог знзае, читаат и дека можеби и Николај знае кој ќе биде новиот Патријарх, и дека токму тој во изјава кажал и кој ќе биде патријархот. „И на ум не ви паѓа…“, може да значи дека токму Наум е изборот на Николај Пловдсиски за иден патријарх. А Наум во моментов е русенски митрополит, име кое во бугарската црковна јавност не се поврзува со кругот проруски владици. Интсресно е што во последните неколку дена неговото име како достоен избор го споменуваат голем број клирици, но и аналитичари во бугаркста јавноост.
Во продолжение погледенете една анализа во која гостуваат, Архимандритот Никанор и професоорот Даљан Николчев, експерт по црковно право.

