Кој е твојот избор: вера или религија?

Date:

Share post:

Од Букварот:

Вера и религија се термини за кои што јавноста најчесто прави паралела. Односно двата термини синонимно ги поврзива меѓусебе. Но, нивното терминолошко значење можеби е повеќе ги прави антоними, отколку синоними, иако ова се паушални и ненаучни оценки.

Сепак, двата збора имаат различни дестинации. Некои теолози различноста ја објаснуваат и во самите зборови на Христос, кога им зборувал на луѓето. Вашата релегиозност не ве прави блиски до Бога, туку напротив ве оддалечува од Него.

Религијата е и обид да се објасни потеклото на нешто што не е објасниво на природен начин, како и обид да се сфати потеклото и целта на човековиот живот и светот. Цестопати религијата се толкува како збир на човечки морални и етички правила и норми споени со традиции и ритуали, што пак е сосема различно од Вера.

Ако религијата означува ненанва релација со Бог, кој може да биде што било и ако религијата е колективна категорија, честопати институционално организирано дејствување во едно општество, верата е лична, приватана, духовна категорија.

Поимот „Вера“ е буквален превод од грчки збор кој осначува „на служба на Бога. “Верата, надежта и љубовта, се трите главни доблести на христијанството. За Апостол Павле, верата е спасение на секој човек. Евангелистот Јован пак напишал дека верата е еднаква на љубовста кон Христос, но и кон сите одние кои од Бог потекнуваат.

Во теологијата под вера се подразбира единствено вера во Бога.

Вера означува верување во вистинитоста на некое тврдење без негова проверка, честопати и без логично расудување и заклучување. Едноиставно верувате и тоа е тоа.

Во секојдневниот живот човекот функционира верувајќи во многу работи, луѓе, идеи.

Постојат многу дефиниции кои го анализирале значењето на терминот „вера“.

Исламските научници, поаѓаат од спознанието, па велат дека верата е спознание на Аллах џ.ш. Други сметаат дека верата е Аллахов закон. Некои поаѓаат од љубовта, па велат дека верата е Љубов кон Аллах џ.ш.

Германскиот филозоф Кант ја дефинира верата како чувство и спознание на должностите кои се засниваат на Божјите одредби, како израз на Поголемиот Ум.

Во арапскиот јазик зборот „ДИН“ означува „ВЕРА“.

Според исламското учење, верата не е само верување, туку и извршување на верските должности, како и однесување и управување во склад со верските прописи и одредби.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img