Верски календар: 12 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Ивана Франциска.
Се родила во Дион во 1572 година. Нејзиниот татко, Бенињус Фримијот бил претседател на Бургундскиот парламент. Како млада, Франциска се омажила за баронот де Чантал. Била добра жена и мајка, која родила шест деца. Кога имала 29 години, нејзинот маж загинал додека бил на лов. Потоа, таа се заколнала дека, повторно нема да се мажи. Во 1610 година Франциска станала милосрдна сестра, која собрала сили да му прости на убиецот на нејзиниот маж, на чие дете му станала кума на крштевката. Света Франциска како милосрдна сестра им се посветила на болните и сиромашните.