Игуменот од Мидикискиот манастир

Date:

Share post:

Верски календар: 16 Април

МПЦ-ОА/ Преподобен Никита Мидикиски.

nikita midikiskiВо времето на византискиот император Лав Петти Ерменецот, еден од бастионите на православието загрозено од иконоборството беше и Мидикискиот манастир. Игумен на овој манастир беше свети Никита, по потекло од Кесарија Витиниска. Мајката на Никита умре уште додека овој беше дете, а татко му го остави кај баба му и се замонаши. Кога Никита порасна и го заврши образованието и самиот го остави светот и се замонаши во Мидикискиот манастир. Тука тој подоцна стана игумен. Овој тврд во верата игумен многу пострада од иконоборците, беше затворен и мачен, но не се поколеба во верата. Се упокои во 824 година, а неговите мошти беа положени во неговиот манастир.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img