Грција: Заврши Меѓународната конференција за борба против сектите

Date:

Share post:

Од 31 октомври до 2 ноември 2016 година во градот Агринио (југозападниот дел од континентална Грција), се одржа 28 – та сеправославна конференција за борбата против сектите. Таа се организира секоја година од страна на специјалната синодска комисија за сектите на Грчката Црква, но секогаш во различни епархии во Грција.

konferencijaВо своето послание кон учесниците на конференцијата, Атинскиот Архиепископ меѓу другото истакна, дека сектите и окултизмот изразуваат антихристијански позиции. Окултизмот како морбиден феномен, во позадината на своите учења за човекот има демонски влијанија, а за остварување на својата цел се користи со библиски искази кои ги претставува лажно и искривено, како на пример: „Ќе бидете како богови“.

Според окултизмот човекот е креација на боговите, а не на Троичниот Бог, што подразбира отуѓување од христијанските догми. Окултните учења коишто го одредуваат односот помеѓу човекот и Бога, не го ослободуваат човекот, туку уште повеќе го заробуваат, правејќи го ропски зависен.

На конференцијата, чијашто тема беше „Сектански и окултистички погледи за човекот и човечките права“, учество зедоа претставници на 10 Помесни Православни Цркви, како и претставници од 71 Митрополии на Грчката Православна Црква, Критската Архиепископија и островската група Додеканези.

/РОМФЕА / превод: Бигорски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img