Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, објави Булевар.мк
На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот.
„Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, сакаме да испратиме порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, во духот на битолскиот космополитизам, кој на овие простори опстојувал со векови“, рече градоначалникот Тони Коњановкси на ифтарската вечера.
Вечери како оваа се потсетник дека преку заеднички напори можеме да изградиме подобро општество за сите нас, порача градоначалникот.
Свое обраќање имаше и битолскиот муфтија Амит Расими кој рече дека месецот Рамазан е време на духовно прочистување, добрина и човечност.

