Голема прослава за Мала Богородица во Калишта

Date:

Share post:

Голем број верници, претставници од политичкиот и јавниот живот во Македонија, директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, претставници на локаните власти, денеска беа дел од централната прослава на празникот „Рождество на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс во Калишта – Струга.

Литургијата ја предводеше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан.

-Време е да посветиме повеќе време на семејството. Тоа е мала црква, која треба да се негува, чува и умножува. Мајката Божја нека помага во тоа. Потребно е да има повеќе рожби, порача Архиепископот г.г. Стефан во неговата празнична беседа.

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img