Ѓорѓевски: Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА, вака верскиот анаитичар Бранко Ѓоргевски го коментира возобнувањето на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, минатат недела во Ниш.

Во изјава за ТВ Сител, Ѓоргевски вели дека во овие разговори се клучни одговорите на две прашања. Едното е дали Вселенската патријаршија знаела за оваа средба и второто што се подразбира под канонско единство, за кое објави Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе е договорено и дека треба да се реализира веќе на Соборот во мај оваа година.

-Според информациите со кои јас располагам, Вселенската патријаршија била запознаена со оваа средба, односно дала амин таа да се случи. Тоа води кон заклучокот дека оваа оваа средба треба да се стави во контекст на решавањето на македонското црковно прашање кое се води пред Вселенската патријаршија. Главната дилема е дали тоа канонско единство подразбира враќање на МПЦ под капата на СПЦ, или водење на процес кој ќе води кон добивање на афтокефалност, вели Ѓоргевски за Сител.

Тој се надева дека МПЦ нема да ја повтори грешката со Нишкиот договор од 2002 година, апелирајќи до македонските владици да не го загрозуваат македонскиот идентитет. Расколот меѓу двете цркви датира од 1967 година.

2 COMMENTS

  1. Vreme e posle decenisko tapkanje vo mesto MPC da napravi eden čekor napred,a će napravi pod uslov da se otkaže od bugarofili eto, srbofobijata, da izjavi želba da ja eliminiše duhovnata izolacija od celiot pravoslaven svet i da prestane da e potpora na makedonskite politički partii, tuku da počne da žive crkven život.

    • Вашата критичка мисла е веројатно добронамерна, но сепак пристрасна и безмалку невистинита. Нема србофобија во Македонската Православна Црква, а со исклучок на неколку погрешно пресметани чекори кај политички наивни поединци, нема ни бугарофилија. Едноставно Православието по суштина е таков духовен простор во кој не ни можете да чувствувате какво било етнички доминантно тежнеење. Живеејќи со благодатта Христова човек не може ниту на Светителите да им дава првенство во срцето според етничкото потекло ниту Христос Го доживува првенствено како Израелец (без оглед на богоизбраноста на тој народ и на неговата улога во Домостројот на спасението сите ние интимно и на соборен план многу помалку обрнуваме внимание на израилскиот цивилизациско-историски комплекс или на нивните култови и традиции одошто на Личноста на Христос како Неограничен Бог и откровението на Света Троица го доживуваме на темелот на Тој Аголен Камен: Христос е всушност аголниот камен на нашето познание за Света Троица, секој од нас може да ги спознае како Личности и Бог Отецот и Светиот Дух само преку Господ Исус Христос, зашто ние друго откровение за Бога немаме, не ни е непосредно дадено). Самиот духовен избор на причислување, на потрага по единство со Богочовекот е влез во една духовна димензија без земни бариери, токму исчекор кон личниот микрокосмос, во чиј центар бива препознаено присуството Христово како новооткриен Цар на срцето и Седржител на тој микрокосмос, и на сета Вселена истовремено. Со други зборови, верата како мистично-битиен феномен во самата нејзина срж е насочена кон Црквата Која торжествува и тука нема никакви етнички поделби, особено не во словенеките православни традиции. Во таа смисла, на пример, српската и руската духовна литература беа особено значајна припомош во утврдувањето во верата на македонските православни христијани во минатите децении и никому не му паѓало на памет да не ги користи или да не ги чита со голема љубов делата на Св. Јустин Келиски и на Св. Николај Велимировиќ, или на блаженоупокоениот Митрополит Амфилохиј Радовиќ итн. заради некакво административно-правен спор (употребата на бугарската литература е всушност прилично занемарлива). Во овие децении на административна изолација имало и има постојана желба за воспоставување на потполни врски на меѓусебна мистично-благодатна љубов во Христа, што значи и на исцелување на раните од несаканиот раскол кои секако му задаваат болка на целото Тело Христово, што стана на крајот општо освестен факт. Должни сме секако сите од тие стојалишта да гледаме на животот на Црквата наместо да ги изолираме чисто земните интереси на сеедно која црковна политика, зашто во една конечна завршница административно-јуридичкиот пристап не може да биде потка на ничие духовно совршенство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img