Изминативе неколку дена, манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица беше омилено место за прекрасна дружба помеѓу неколку деца од Кичево, Прилеп и Велес. Тие беа дел од вториот летен камп по веронаука, што го организира Бигорската Обител.
-Овој нивен богоугоден престој во нашиот манастир беше збогатен со многу различни активности, а тие не го криеја своето воодушевување од сè што видоа, научија и почувствуваа. Најголем, пак, восхит предизвика средбата со нашиот највозљубен Старец, Архимандрит Партениј, од кого примија многу поучни совети за нивната иднина – дека тие, како најмлади апостоли, насекаде треба да го сеат семето на православната вера и да ја шират нејзината убавина, радост и љубов, велат од манастирот во Рајчица.













