Европа ја „сокрива“ исламофобијата

Date:

Share post:

Муслиманско население во Европа не само што се соочува со зголемена исламофобија, особено по нападите во Париз, туку се почесто тоа е предмет на изигрување на правдата поради дупките во законите кои дозволуваат нападите врз нив да остануваат неказнети, пишува, Агенцијата Анадолија.

Дискриминацијата на муслиманите во Европа се зголеми од ноември 2015 година по нападите во Париз во кои загинаа 130 лица, а беа повредени многу лица. Безбедносните политики во Европа имаат директно влијание врз правата на муслиманите. Има одредени законски дупки во Европа, кои се користат за да не бидат казнети луѓето кои вршат исламофобија и злосторства врз муслиманите, пишува Агенцијата во својата анализа.

Експертите од европските држави, кои ги контактирала агенцијата потенцирале дека има многу примери во кои не може да се отворат случаи за исламофобија

Азра Јунузовиќ, заменик-шеф во ОБСЕ за нердискриминација, вели дека  нетолеранцијата и дискриминација против муслиманите претставува сериозен проблем, потенцирајќи дека дискриминација против муслиманите во Европа е во пораст, според последните истражувања.

Статистички во Европа живеат повеќе од 40 милиони муслимани.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img