Тоне Димковски, независен кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба, поддржан од Рабиотничката оатрија ја претстави својата програма за локалните избори. Вели дека е човек кој е израснат и живее во нашата општината и целиот живот сум меѓу со граѓаните со надеж да помогне на секого – без разлика на партија, возраст или статус.
-Мојата цел е едноставна: да создадеме место каде сите ќе се чувствуваме сигурни, горди и слушнати. Ќе се залагам за подобра инфраструктура, поддршка на младите, грижа за повозрасните и фер развој на секое населено место. Ветувам работа, отчетност и транспарентност. Ветувам дека ќе бидам градоначалник за сите, затоа што општината е наш заеднички дом. Отворени врати за сите граѓани , а не како досега затворени врати за граѓаните …Ве повикувам да бидете дел од овој пат. Со идеи, критики и предлози – заедно ќе го изградиме подоброто утре, вели Димковски.
Видеото погледнете го ОВДЕ

