Денеска завршува соборот на Крит

Date:

Share post:

9Денеска завршува работниот дел од Големиот и Свет собор на православната црква на Крит. Како и што се очекуваше последната точка на кој најмногу ќе се дебатира е „Односоите на православната црква со останатиот христијански свет“.

Според информациите од работните тела на Соборот, оваа точка ќе се разгледува и денеска, откако вчера имало голем број спротивставени позиции на владиците кои учествувале на Соборот.

Претходно пак без речиси никакви значителни промени беа усвоени текстовите на останатите точки кои беа на дневниот ред.

Светиот и Голем Собор, кој се одрќува по повеќе од 1200 годнини ќе заврши утре со заедничка литургија на поглаварите на десетте автокефални цркви за празникот „Сител светии“.

Како и што најавија претходно, Рускиот, Бугарскиот, Грузискиот и Антиохискиот патријарх не учествуваа на овој Собор.

За нив одлуките од него се невалидни.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img