Денеска погреб на грузискиот патријарх – Вартоломеј ќе го изврши опелото

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, заедно со местобљустителот (чуварот на тронот), митрополитот Шио и членовите на Светиот синод ќе ја извршат опелната служба за починатиот патријарх Илија II.

Грузиската патријаршија објави дека храмот „Света Троица“, кој беше затворен од 02:00, утрово 08:00 часот, е отворен и  влезот ќе биде дозволен само со специјални пропусници. Тоа се сите делегации кои пристигнаа од целиот свет за денешниот погреб.

-Во недела, од 08:00 часот, поради објективни околности кои не зависат од нас, влезот во храмот ќе биде можен само со специјални пропусници и ве молиме за разбирање. Литургијата ќе почне во 09:00 часот. Богослужбата ќе ја предводи местобљустителот на патријаршискиот престол, митрополитот на Сенаки и Чхороцку, Шио (Муџири), заедно со членовите на Светиот синод на Грузиската црква, објави Грузиската црква

Во 12:15 часот во храмот ќе пристигне Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој заедно со местобљустителот, митрополитот Шио и членовите на Светиот синод ќе ја изврши опелната служба за Илија II.

Во 15:00 часот телото на патријархот Илија II, ќе биде изнесено од патријаршискиот храм ‘Света Троица’ кон патријаршискиот храм ‘Сион’, со пешачка поворка.

-Верниците кои не успеале да се простат со патријархот во храмот ќе имаат можност тоа да го направат долж трасата од храмот ‘Света Троица’ до храмот ‘Сион’, за време на погребната поворка. По трасата ќе биде организиран жив коридор, а граѓаните ќе можат да ја следат службата во живо на поставени екрани и, по желба, да оддадат почит со цвеќе. Се извинуваме и ве молиме за разбирање на постојната ситуација. Разбираме дека секој сака да се прости од Неговата Светост и Блаженство, но поради протоколот и техничките детали поврзани со погребната церемонија, не е можно да се дозволи влез на сите граѓани во храмот“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img