Верски календар: 13 јуни
МПЦ-ОА/Денеска е Св. апостол Ерма.
Свети Ерма е еден од 70-те Христови апостоли. По род бил Грк, а долго живеел во Рим. Го спомнува апостол Павле во Посланието до Римјаните. За неговиот живот добиваме некои податоци и од неговата книга Пастир, која е зачувана до денес. Прво бил богат човек, но поради своите и гревовите на своите синови попаднал во сиромаштија, што го навело да го промени умот и да постави нов темел во својот живот. Бил епископ на Фи-лиопол (денес Пловдив), а животот го завршил маченички.


