Деканот на Богословскиот факултет на Савинден во Белград – СПЦ не го спомна со име

Date:

Share post:

Веде Деканот на Богословскиот факултет во Скопје, Илче Мицевски, сослужувал со Српскиот патријарх Пофириј за денот на Свети Сава во храмот на Врачар.

Сослужувале и претставници на Црквата од Полска и од Русија. Сепак, она што паѓа во очи, кога се чита соопштението на СПЦ, е што неговото име и имињата на претставниците на МПЦ-ОА, воопшто не се споменат, за разлика од сите други останати кои сослужувале.

Збунувачки е што сепак сатнува збор за претставник на висока институција на МПЦ-ОА, декан на факултет чие име СПЦ не го наведува, туку користи само формулација „свештеници и ѓакони од МПЦ-ОА“, што не е случај со на пример набројувањето на гостите од Полска, кои се исто така по чинови свештеници. Или пак примерот со претставниците на Руската црква. Да биде парадоксот поголем, на литургијата сослужувал и деканот на Богословскиот факултет на СПЦ, чие име е наведено.

Еве го делото од соопштението, во кое СПЦ наведува кои му сослужувале на патријархот.

-На Неговата Светост Патријархот, покрај свештеникот Петар и ѓаконот Тома Купрјановиќ од Полската православна црква, како и свештеници и ѓакони од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, му сослужуваа и: епископот лондонски и британско-ирски Нектариј, викарниот липљански епископ Доситеј и викарниот новобрдски епископ Иларион; архимандритот Нектариј, генерален секретар на Светиот архијерејски синод; архимандритот Данило, директор на Патријаршиската управна канцеларија; протојереите-ставрофори Владимир Вукашиновиќ, Драган Станишиќ, Бранко Топаловиќ и Радивоје Паниќ; протојерејот Ѓорѓе Стојисављевиќ, шеф на Кабинетот на српскиот патријарх; протојерејот Србољуб Убипариповиќ, декан на Православниот богословски факултет во Белград; протојерејот Борис Савиќ; протонаместникот Богољуб Остојиќ; протојерејот-ставрофор Виталиј Тарасјев, настојател на Подворјето на Московската патријаршија; протојереите-ставрофори Панајотис Каратасиос и Димитриј Касапис; протојереите Ненад Јовановиќ, Драган Шовљански, Иван Штрбачки, Горан Мишановиќ и Бранислав Кличковиќ; протонаместникот Бориша Шањиќ; јереите Владан Таталовиќ, Далибор Стојадиновиќ, Бранислав Кеџиќ, Немања Калем и Мирослав Васиќ; протоѓаконите Драган Радиќ, Радомир Вруќиниќ и Младен Ковачевиќ; како и ѓаконите Веролјуб Сандо, Василије Периќ и Никола Рашковиќ, пишува во соопштението на СПЦ.

Можеби се ова е само грешка, а можеби и оној што го пишувал соопштението не ги знаел имињата на гостите од МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img