Дали сте знаеле дека некои книги од Библијата се пишувани во Македонија?

Date:

Share post:

Некои книги од Библијата се пишувани во Македонија, а некои се напишани за македонските христијани и испратени до првите цркви во Македонија. Ова не се романтичарски толкувања, туку научно потврдени вистини кога станува збор за историјата на Хритијанството.

Тоа се настани поврзани со апостол Павле и неговото доаѓање во Македонија. Еминетниот професор по Теологија, Ратомир Грозданоски има напишано неколку книги повразни со толкувањата на Светото Писмо и со пручувањето на апостол Павле и неговото доаѓање во Македонија.

Во тие книги е запишано дека по првото доаѓање на апостолот во Македонија и по неговото заминувањето од Македонија, апостол Павле од Коринт го испраќа Првото послание до Солуњанинте, а следната година и Второто послание до Солуњаните.

-Тоа се првите книги што ги напишал апостол павле во Библијата, а тие се упатени во Македонија – во земјата каде што прво проповедаше со збор, прво нив ги поучува и со писмо, Послание – со книга од Библијата. Двојни правенстви и двојна чест! Во Македонија е првата проповеди и во Македонија е првото послание. Тоа е голем дар од Бога преку апостол Павле.  А дури три библиски книги се напишани за Македонците и се упатени во Македонија. И уште две или три се пишувани во Македонија. Значи 5-6 книги од Библијата директно се поврзани со Македонија, пишува професорот Грозданоски во својата книга Македонија и Македонците во Библијата – библиска вистина.

Според професорот во Македонија апостол Павле ги напишал Второто послание до Коринтјаните и Третото посланије до Тимотеја. Дури и за посланието до Тит има мислење дека дека е пишувано во Македонија, пишува  проф. Ратомир Грозданоски, во книгата Вовед во Светото писмо на Новиот завет.

Инаку апостол Павле во Македонија бил четири пати. Седум години по неговото прво доаѓање дошол по втор пат. Останал подого време. Тоа било во 57 година. Дошол и следната 58 година. Тоа е третот пат. Одел од Берија, преку Солун до Филипи. Тоа се трите градови и првите три цркви основани во Европа.

Послден пат апостол Павле во Македонија бил во 65 година. Следната година бил во Рим каде во 67 година пострадал маченички.

Делата за апстол Павле, напишани од Грозданоски откриваат многу интересни моменти за историјата на Христијанството и Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img