Чудата на Свети Јован во Бигорски никогаш не престанале и не престануваат

Date:

Share post:

Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Јован Крстител објави две сведоштва за два чуда на Свети Јован, кои се сличиле во денешно време. Чудата се поврзани со чудотворна бигорска икона на Свети Јован Крситител и преку неговите чесни мошти што се чуваат во моштохранителницата на главниот бигорски храм.

Во продолжение Ви пренесуваме едно сведоштво, а другото ќе го објавиме допонително.

Свети Јован изгонува демон од бесомачна жена

Во пролетта 2006 година, во Бигорскиот манастир дојде младата успешна жена Е. Х. од Скопје, којашто работеше во Западна Европа. Меѓутоа, како што самата раскажуваше, таа не живеела благочестиво, според православното учење и предание, туку во согласност со духот на неолибералното распуштено општество. Со тој начин на живот, таа му овозможила на некој нечист дух да влезе во неа, т.е. станала демоноопседната. Често ѝ случувало за време на работни состаноци и средби, демонот да ја нападне и од нејзината уста да дофрла неприлични и хулни зборови, со што нејзиниот углед бил нарушен, а нејзиниот живот претворен во вистински пекол. Поради оваа голема мака и страшните страданија, жената побарала помош од Свети Јован Крстител во неговото славно Светилиште крај Радика.

Во Манастирот ја пречека братот гостоприемник, кој кога увидел дека станува збор за нешто многу сериозно и страшно, веднаш го повика игуменот и старец на Обителта, па двајцата заедно ја однесоа жената в црква. Старецот ја приведе бесомачната пред чудотворната икона на Свети Јован и со светиот крст в рака, во кого се чува парче од Чесниот Крст на кој бил распнат нашиот Спасител Господ Исус Христос, ги прочита т.н. Василиеви молитви за изгонување на демони. За време на читањето на молитвите, лицето на демонопоседната сосема се промени и ѝ стана ужасно, а од устата ѝ излегуваа ужасни крици и дуваа страшни ветрови. Мајсторите што тогаш работеа на конакот Долни Палат, не знаејќи што се случува, помислиле дека рика некој див ѕвер во блиската шума, па, вчудовидени, за момент ја прекинале работата. По читањето на молитвите демонизираната  си дојде на себе и посака да се исповеда. По светата тајна исповед, Старецот ја причести жената со Светите Христови тајни, со што таа целосно се смири, а лошиот дух, по застапништвото на Свети Јован и со силата на Чесниот Крст, беше изгонет.

/Бигорски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img