Честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Date:

Share post:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи да го поминат во добро здравје и во многу радост.

ivanov-3-777x437-62795– Претстојниот празник и годинава ќе нè потсети на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, да го прославиме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме нашата вера. Токму на Богојавление – Водици да ги зацврстиме основите на нашето верување и да продолжиме со почитување и со залагање за христијанските начела за мир, заедништво и слога.

На денот кога ги осветуваме нашите води, најискрено посакувам во нашите срца да се вселат хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Во духот на овој голем празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img