Бугарски монаси се степаа за два трактори и камион

Date:

Share post:

giginski mansastirМонаси на бугарската православна црква се степале во еден од манастирите проади црковен имот, пренесуваат медиумите во Бугарија. Скандалот се случил во Гигинскиот манастир, каде поради проблеми од минатото бил назначен нов Игумен на манастирот.

Инцидентот се случил кога по барање на новиот игумен, Никанор, група верници се обиделе од стариот игумен Евегениј да одземат два трактори, камион и црковни предмети, за кои тврдат дека биле имот на Црквата.

Како што пишуваат бугарските медиуми во тепачката биле користени и секири, а како што пишува сајтот „Двери.бг“, поранешниот игумен Евгениј добил и неколку удари од насилниците.

Откако бил разрешен од должноста Игумен на Гигинскиот манастир, Евгениј заминал во едно соседно село, а во манастирот се вселил новиот игумен, Никанор. Тој оценил дека Евгениј со себе однел и дел од манастирскиот имот, па решил да испрати неколку лица да ги одземат тракторите и камионот, по што настанала тепачката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img