Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел за поддршка за завршување на покривната конструкција на црковниот храм. Работите започнале во 2021 година, а од почетокот на 2024 година била лансирана GoFundMe кампања за обезбедување 30.000 евра, но до денес се собрале само 15.210 евра.
Манастирското братство истакнува дека веќе ги искористиле своите последни средства за завршување на главната покривна површина, но сѐ уште остануваат пет помали кои треба да бидат покриени со природен камен.
Самиот храм е резултат на четиригодишна изградба и архитектонски е базиран на средновековната германска традиција, во која работата ја извршуваат монаси и занаетчиски мајстори – специјалисти.
Манастирот е основан во 1990 година од страна на старецот Јоханес и ја следи традицијата на Света Гора, преку исполнување на циклусот на секојдневни богослуженија, редовно служење на Литургија и практикување на Исусовата молитва според исихастичката традиција. Старецот го добил својот монашки опит во Великата Лавра ипри старецот Јосиф Ватопедски. Во 1984 година тој бил замонашен во Голема схима. Монасите посветуваат големо внимание и на преведување на литургиски текстови и музицирање. Архитектурата и дизајнот на манастирските згради се преземени од архитектурата на раносредновековна Германија, т.е. од времето кога оваа земја била дел од древната православна христијанска европска култура, која во тоа време се протегала од Ирска до Франкиската империја, од Бугарија и Византија до Грузија во Кавкаските планини. Нежните и сјајни претстави на фрески и икони во манастирот потсетуваат на ранохристијанските модели, како и на фреските на „Златниот прстен“ и средновековниот манастирски остров „Рајхенау“ во Бодензе.

