Богословскиот факултет во Белград е вистински хит меѓу матурантите оваа година на уписниот рок. Бројот на пријавени за изучување на Теологијата е речиси двојно поголем од бројот на слободни места на овој факултет, обајвија српските медиуми.
Тие пишуваат дека најмногу изненадува фактот дека две третини од кандидатите доаѓаат од гимназиските насоки, а само една третина од кандидатите е со завршено средно Богословски.
Деканот на белградскиот Богословски факултет за меидумите изјави дека една од причините за големиот интерес е што на овој факултет науките што се изучуваат им даваат еден поширок спектар на изучување.
-Во општините каде има мултиверска структура задолжителни се теолозите. Тука е и свештениќкиот повик, предавачите по веронаука, библиотекарство, психологија, бидејќи ја чуваме традицијата на пастирската психологија. Добар дел дипломирани теолози се занимаваат токму со психолошката работа, изјавил Зоран Ранковиќ, декан на Богословскиот факултет во Белград.
И додека во Србија расте интересот за студирање Теологија, во Македонија секоја година се помалку студенти на Богословскиот факултет. Лани на пример на Богословскиот факултет се запишале тројца студенти.
(По реакцијата на дел од професорите на Богословскиот факултет во Скопје за невистинитост на овој податок, религија.мк направи увид во податоците за упис на студенти, достапни на интернет страницата на Богословскиот факултет и ја исправа оваа грешка. Сепак таму нема податок колку студенти се запишани минатат година. Бројките за претходните години се движат од 13 до 22 запишани студенти по прв пат)
Од друга страна пак тренд кај дел од свештениците на МПЦ-ОА по се изгледа станува својата надградба на образованието да ја прават надвор од теологијата. Дел од нив магистрираат на Факултетот за Туризам во Скопје.


