Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ја повика Владата на Ирак да ги активира напорите за помирување на сунитската и шиитската заедница во земјата, со цел да и се спротивстави на терористичката групација Исламска држава.
– Националното помирување е важен дел од стратегијата за уништувањето на Даеш, која безмилосно ги користи поделбите и ги зема како цел маргинализираните и оние кои немаат граѓански права, изјави тој во Багдад на заедничката прес-конференција со премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади.
Бан Ку-мун алудираше на сунитското малцинство во земјата, кое тврди дека е маргинализирано од Владата, која ја предводат шиитите. Членовите на сунитската заедница се приклучија кон џихадистичката група, која пред околу две години зазеде делови од Ирак.
Претседателот на Светската банка Џон Јон-ким и претседателот на Исламската банка за развој Ахмад Мохамед го придружуваат Бан Ки-мун во посетата на Багдад, а се очекува со него да заминат и во посета на северниот курдски град Ербил подоцна во текот на денов.

