Архиепископот на Финска ја разобличи Московската патријаршија: „Во неа не остана ни трага од Православието“

Date:

Share post:

Со остар говор, Архиепископот на Хелсинки и цела Финска Леон ја обвини Московската патријаршија за напуштање на христијанските принципи и прифаќање на опасна идеологија.

Говорејќи на Генералното собрание на неговата Црква, архиепископот Леон, кој неодамна го објави своето пензионирање, ја искористи параболата за Добриот Самарјанин, за да ја нагласи важноста да им се помогне на оние кои имаат потреба. Тој ги критикуваше верските институции кои замижуваат пред страдањето, и во и надвор од верската сфера.

Неговата најостра осуда беше резервирана за Московската патријаршија. Архиепископот Леон изјави дека „еден нов тоталитаристички мит и идеологија“ го замени православието во Москва, спој на „руски месијанизам, православен фашизам и етнофилетизам“. Тој ја обвини Патријаршијата дека промовира „манихејска ерес“ која го дели светот на добро и зло.

Оваа загриженост, тврди Архиепископот Леон, имаат директни последици во Финска. Тој изрази загриженост дека „рускиот експанзионизам“ и инвазијата врз Украина, благословени од Московската патријаршија, можеби си нашле свои сојузници и во православната заедница на Финска.

Архиепископот на крајот ја истакна важноста на црковното единство во вистинско христијанско дејствување. Тој повика на обединета Црква, за да ги поддржува евангелските вредности и да се соочи со овие предизвици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...