Поглаварите на Англиканската црква, која брои околу 100 милиони следбеници и официјално се изјасни дека за нив бракот е заедница единствено меѓу маж и жена, иако дел од оваа цековна заедница која функционира во САД и Канада глабословува и хомосексуални бракови.
Собранието на поглавари на Англиканит, со кое претседавал Кардиналот на Кантербери, Џастин Велби одлучило дека „Англиканите“ треба да останат верни на Светото Писмо и на преданието на Црквата по поднос на институцијата брак. Тоа значи дека за Англиканската црква само заедницата меѓу маж и жена може да се смета за брак.
Оваа одлука на Собранието на Англиканите е нов момент во позициите на Англиканската црква во однос на прашањето за хомосексуалните бракови, бидејќи Епископалната црква на САД и на Канада, која е членка на Англиканската црква, самостојно воведе блгослов за хомосексуалните бракови.
На оваа одлука на Англиканите во САД и Канада остро се спротивстави Надбискупот на Уганда, кој веќе три години несослужува со претставниците на САД и Канада, а барал и нивно исклучување од Англиканската заедница. Бидејќи Собранието на заедницата не го прифатил неговиот предлог, тој ја напуштил седницата на Собранието.
Инаку, Англиканската црква има многу верници во земјите на африканскиот континент и нивниот број постојано се зголемува.
Одлуката на епископска црква на САД и Канада, пред три години, да ги признае хомосексуалните бракови ја доведе Англиканската црква во ситуација на внатрешен раскол, но и ја изолира од редица богословски дијалози.

