Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј и викарниот епископ Антаниски Партениј повторно сослужуваа, овој пат за манастирската слава на Манастирот Пречиста во Кичевско.
На Рождеството на Пресвета Богородица Георгиј и Партениј отслужија литургија пред преполниот манастир со верници, кои дојдоа за манастирската слава.
-Посебна радост беше да се биде сведок на братољубието помеѓу Дебарско-кичевскиот Митрополит, г. Георгиј и епископот Антаниски, г. Партениј, чиешто заедничко богослужење го збогати празничното торжество со длабока смисла и архиерејски благослов. На крајот од богослужбата, Митрополитот г. Георгиј произнесе празнично слово што ги осветли присутните со својата богословска длабочина и духовна топлина, велат од Бигроскиот манастир.















