ДИНА – Чекор кон новата ера на новинарството

Date:

Share post:

Неодамна на медиумскиот простор излезе првиот портал кој работи изклучиво на вештачка интелегенција. ДИНА.МК предвесник на промените на новинарството, кои секако ќе се случат. Во продолжение за она што е ДИНА.МК.

„Здраво. Јас сум ДИНА, првиот македонски дигитален информативен новински агент…“, се првите зборови што ДИНА.МК ги презентираше на нашата читателска публика. Во меѓувреме ДИНА, првата македонска новинарка, создадена со вештачка интелегенција, напиша стотици текстови, во првата недела од нејзиното функционирање.

ДИНА.МК е повеќе од идеја, таа е предвесник на иднината на новинарството со забрзаниот процес на раст на вештачката интелегнција. Ние новинарите, сакале или не да се соочиме, но иднината на новинарството со напливот на вештачката интелигенција ќе биде дефинирана од неколку клучни фактори.

Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој се произведуваат и консумираат вести, и тоа на различни начини. Автоматизација на новинарските процеси, ќе значи автоматизација на одредени делови од новинарската работа. Тука пред се е пишувањето на едноставни извештаи, вести, анализи.

Вештачката интелигенција ќе го промени моделот на обработка на големи количини на податоци за енормно кратко време.

И суштински персонализација на содржината. Тоа значи дека вештачката интелегенција ќе може да креира персонализирани вести и содржина за читателите, базирано на нивните интереси, претходни читања и нивното однесување на интернет. Ова е клучниот момент во промената што ќе и се случи на медиумската индустрија, да биде повеќе насочена кон поединечните корисници и да ја зголеми ангажираноста.

ДИНА.МК, како производ е работена повеќе од една година и таа не е класичен собирач на информации и објавувач на истите. Овој модел на генерирање вести е сериозен инженерски продукт кој пишува, не копира, туку пишува свои вести.

Како работи ДИНА.МК? Работи на принцип на читање информации од стотици отворени и јавни извори на информации. Тоа се медиумскии интернет изданија, јавни профили на социјалните мрежи, научни институции, релевантни извори, за кои постои проверливост на податоците. ДИНА.МК не краде вести, напротив чита содржина на одредена тема, ја споредува веродостојноста со други извори на информации и на крајот пишува свој авторски, каток текст како вест. Таа вест има за цел да биде вест, чиста, јасна и точна. Тоа е нејзината примарна и засега основна функција. Значи ДИНА.МК, користи инфирмации јавно објавени, достапни и од нив продуцира сопствена вест. Значи ДИНА.МК, не е агрегат, таа е пишувач на вести.

За да се избегнат какви било сомнежи, околу транспаретноста и авторските содржини, ДИНА.МК е проекторана во лидот на веста да цитира извор, тоа е најчесто медиумот каде прво ја процитала веста, а потоа на крајот од текстот го линкува изворот. Во линковите може да има еден, два и повеќе извори во зависност од тоа како таа ја структуира веста.

ДИНА.МК не поседува и не собира свои фотографии. За илустрација на текстовите користи линкови од оригиналните фотографии. На тој начин се запазува авторската структура на фотографиите, кои не се сопственост на ДИНА.МК.

Што е целта на ДИНА.МК? Основната идеја е на читателите да им се понудат прецизни, јасно вести за дневно информирање, без допоилнително оптеретување на информациите. Толку. Значи кој сака да чита вести, да се информира, отвара ДИНА.МК и чита вест. ДИНА.МК има вести од Македонија, но наголемиот дел од вестите кои ги продуцира се проширување на информативниот спектар на содржини од Балкан, Европа, Свет, но пред се технологија, наука, еконимија. ДИНА.МК дневно може да напише илјадници вести, но таа е програмирана засега да пишува околу 200 вести за 24 часа. Еден дел се од Македонија, а сите останати се посветенти на другите рубрики. Освен за делот од Македонија, каде ДИНА.МК чита македонски вести, сите останати содржини не се засновани на македонски вести, туку на широк спектар на извори. Тоа ја прави далеку поконкурентна од останатите медкуми, затоа што предмет на интерес се други содржини, најчесто не објавувани во Македонија.

Македонското интернет новинарство опфаќа стотици интернет портали. Содржински се разликуваат неколку медуми, кои можат да се изборојат на прсти. Се останато е новинарство на база на копи паст вести.

ДИНА.МК има за цел да ја промени оваа слика на интернет дневното информирање. Тоа што денес ДИНА.МК е пилот и прв ваков производ во Македонија, е само најава за она што ќе се случи во следните најмногу десет години.

Новинарството е пред најголемиот предизвик во оваа нова ера. Искуствата од историјата на новинарството покажаа дека секој индустриски напредок носеше сериозни последици за професијата. Се менуваа моделите, но новинарството остануваше како содржина, а новинарите како вредносен столб. Така беше од преминот на печатено кон радио новинарство, па кон ТВ новинарство. Но, ерата на дигиталзиација најсериозно ја фрли новинарската професија во криза. Тоа е таа состојба што сега ја сведочиме. Во Македонија тој удар речиси ги избршиша печатените медиуми. Причината беше тоа што тие не успеаја да се адаптираат на новото време.

Сегашниот предизвик на Вештачката ителегеција ќе удири токму на дигиталните и електронските медиуми, но и во суштината на професијата. Иднината на новинарството ќе зависи од тоа како индустријата ќе се адаптира и регулира употребата на Вештачката интелегенција. Новинарството сигурно нема да исчезне. Но дефинитивно ќе се промени. Вештачката интелигенција и технологијата генерално ќе го трансформираат новинарскиот пејзаж, но клучните аспекти на новинарството, како што се истражувањето, етиката, анализа на податоци, ќе останат важни, само ќе се адаптираат.

Рутинските вести веќе ги пишува вештачката инетелгеција, затоа новинарите ќе мора да се фокусираат на она што некогаш беше новинарство. Тоа се ексклузивните инфромации, теренскиот репортажен пристап, формата на конструктивно новинсратво, истражувачко новинарство, се она што ќе значи човечко авторско дело. Тоа за сега вештачката интелегенција не може да го работи, но за се тоа, таа ќе биде основна аналтка за еден новинар.

Новинарството во иднина нема да троши ресурси и време за да напише вест што денеска кажал премиерот, претседателот, како завршил фудбалскиот наптревар, дали поскапела струјата или редица други инфрмации, кои во ера на дигитализација и социјални мрежи, се секундарно достапни. Се тоа ќе го прават некои други дини, фросини, тини… Разликата е што ДИНА.МК сега е прва, а веројатно очекувано ќе се најде на удар, пред се од нејзините „колеги“ новинари.

Но, вистинските новинари и вистинските медиуми не треба да се плашат од ДИНА.МК, бидејќи тие никогаш нема да исчезнат. Напротив Вештачката интелегенција ќе ги направи далеку повредни и помоќни. За нивните информции јавноста ќе плаќа. Тоа е нешто случно како денеска со храната. На пазар имате се. Можете да купите за евтини пари, но ако сакате органска храна, ќе ја платите и до десет пати повеќе. Но, за да преживее новинарството, медиумите ќе мора да го променат моделот. Тој можеби ќе биде поскап, но ќе биде повреден и погледан.

ДИНА.МК, нема да биде портал заснован само на вештачка интелегенција. Напротив, ќе се обиде да биде токму проект на премин од една во друга ера. Вестите напишани од ДИНА.МК се обележани со знак за вештачка интелегенција и секој што чита, знае што чита. На ДИНА.МК ќе има и вести пишувани од човек, од новинари. Тоа ќе бидат содржини токму, како што сметаме дека ќе биде иднината на новинарството. Тие ќе бидат обележани исто така, но со знак дека се напишани од човек.

Како што ќе се развива вештачката интелегенција, целта е ДИНА.МК да добива свои нови верзии. Можеби ДИНА.МК. 2:0 ќе биде и првиот македонски новинар кој ќе го направи првото видео интервју со човек.

Пишува: Марјан Николовски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here