Социјалната мисија на Романската православна црква: Црквата е таму каде што болката е најдлабока, сиромаштијата највидлива, а надежта најпотребна.

Date:

Share post:

Во последните шест месеци, Романската православна црква (РОЦ) покажа извонредна општествена ангажираност преку десетици хуманитарни, терапевтски и образовни иницијативи ширум Романија и Бесарабија. Од палијативна грижа за деца, до поддршка на сиромашни семејства, помош за лица зависни од коцкање и развој на здравствени служби — ова е период што ја покажува силата на Црквата да биде присутна, активна и преобразувачка. Со својата општествена инклузивност, Романската црква покажува дека социјалната мисија не е дополнување на духовната — туку нејзино продолжение. Посочениете проекти сведочат дека: љубовта се покажува преку дела, заедницата се гради со грижа, страдањето бара присуство, секој човек има достоинство што мора да биде заштитено.

1. Првиот педијатриски центар за палијативна грижа во близина на Клуж – имотот за комплексот дар од свештеник

Еден од најзначајните проекти бил отворањето на центарот „Св. Христофор“ во Сниоткоара, прв по вид педијатриски палијативен центар кој нуди медицинска, социјална и духовна поддршка за деца со тешки хронични заболувања.

Отец Емануел Комивес донирал наследено семејно земјиште за изградбата, мотивиран од семејна благодарност кон лекарите и Црквата.

2. Национална конференција на болнички капелани – духовна грижа во здравствениот систем

Во Сибиу се одржала првата национална конференција на православни болнички капелани.

На собирот учествувале повеќе од 250 капелани, кои дискутирале за новите стандарди на духовна поддршка во болниците, современите предизвици, комуникациските вештини и протоколите за работа со пациенти и семејства во состојба на криза.

На овој начин Црквата го зајакнува присуството во медицинските установи, каде потребата за духовна поддршка е огромна.

3. Црквата се вклучи во Националната стратегија против зависност од коцкање

Романската црква зела учество во заедничката државна стратегија за превенција и третман на зависност од игри на среќа — феномен што ги уништува животите на илјадници семејства.

Свештениците, кои често се првата точка за исповед и изразување на покајание, ќе добијат нови ресурси и обуки за препознавање на зависноста, за поддршка на семејството и користење на протоколите за упатување на зависниците кон специјализираните служби.

4. Центар за неуромоторна рехабилитација и терапија со коњи во Јаши – иновативна грижа за децата

Парохијата „Св. Јосиф Милосрдниот“ во Јаши покренала проект за изградба на нов центар за неуромоторна терапија, кој ќе нуди и ектеротерапија (терапија со коњи) за деца со попреченост.

Центарот планирано е да се изгради на 25.000 м² и ќе опслужува околу 150 деца годишно. Ова е еден од примерите како Црквата воведува современи терапевтски методи во својата социјална мисија.

5. „Трпеза на радоста“ – велигденска хуманитарна акција во Бесарабија

Во Митрополијата Бесарабија била спроведена голема велигденска кампања за прибирање храна и помош за ранливи семејства. Биле распределени над 57.000 килограми храна и поделени повеќе од 35.000 топли оброци.

Епископите лично се вклучиле во распределбата, нагласувајќи дека радоста на празникот е за сите — а особено за оние во потреба.

6. Поддршка за сиромашните, болните и маргинализираните низ дијаспората

Програмата „Работници на надежта“, предводена од епархиите во Италија, обезбедила финансиска помош за повеќе од 150 возрасни лица, дрва за огрев, лекови, редовни оброци, поддршка за лица без семејна нега итн. Овој проект е, всушност, мост меѓу дијаспората и родното место — грижа која не познава граници.

7. Превенција на домашно насилство – проект во Јужна Бесарабија

Црквата на Романија станала партнер во големата национална иницијатива за спречување на домашнотонасилство, преку работилници, предавања, советувалишта и духовни програми. Програмата опфатила родители, ученици, свештеници, учители и локални заедници, подигнувајќи ја свеста за проблем кој премногу често останува скриен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img