Вучиќ до патријархот Кирил: Вашата улога во односите меѓу Црквите на Србија и Русија е незаменлива

Date:

Share post:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упатил честитка по повод роденденот на рускиот Патријарх Кирил, во која ја пофалил неговата клучна улога во односите меѓу црковните институции на Србија и Русија.

Во обраќањето, Вучиќ ја дефинирал врската помеѓу двете Православни цркви како „незаменлива“, потенцирајќи дека таа ја истакнува духовната близина меѓу српскиот и рускиот народ. Тој додал и дека поддршката од Рускиот патријарх и Црквата има значајно влијание пред сѐ по однос на прашањата поврзани со верската слобода, заштитата на традицијата и позицијата на Србија во меѓународниот контекст, особено по прашањето на Косово.

Ова обраќање доаѓа во период на активирање на меѓуправославни и државно-црковни односи, каде Црквите ја играат не само духовната, туку и дипломатската и културната улога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img