Експлозија во училишна џамија во Индонезија – властите исклучуваат дека се работи за тероризам

Date:

Share post:

Индонезиските власти соопштија дека го идентификувале 17-годишен ученик како осомничен за нападот што ја потресе џамијата во средното училиште SMA 72 во главниот град Џакарта, при што беа повредени најмалку 54 лица, главно ученици.

Сведоци изјавиле дека слушнале две силни експлозии околу пладне, токму во моментот кога започнала петочната молитва. Паника настанала кога густ сив чад ја исполнал џамијата, а учениците и верниците побегнале надвор.

Полицијата открила пластична реплика на автомат со врежани расистички слогани, меѓу кои и фразата „14 зборови“ и името на Брентон Тарант – извршителот на масакрот во Крајстчерч, Нов Зеланд, во 2019 година. И покрај тоа, властите ги отфрлија шпекулациите дека станува збор за терористички напад.

„Осомничениот е 17-годишен ученик кој моментално е на операција“, изјави заменик-претседателот на парламентот Суфми Даско Ахмад, кој ги посети повредените во болницата. Началникот на националната полиција Листио Сигит потврди дека се спроведува детална истрага за потеклото, мотивите и изработката на експлозивниот уред.

Според локалната полиција, повеќето жртви добиле изгореници и повреди од стаклени фрагменти. Се испитува можноста осомничениот да бил жртва на училишен булинг и да се обидел да се одмазди преку нападот, кој можеби бил замислен како самоубиствен чин.

„Истрагата сè уште трае, но главниот град е безбеден и под контрола,“ изјави полицискиот портпарол Буди Херманто, повикувајќи ја јавноста да не се вознемирува и да избегнува шпекулации.

Индонезија, земја со најголемо муслиманско население во светот, во минатото беше цел на серија бомбашки напади, вклучувајќи го и оној на островот Бали во 2002 година со 202 жртви. Во последните години безбедносната состојба е стабилизирана, а владата зборува за „феномен на нулта напад“ од 2023 година наваму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...