Поглаварот на Римокатоличката црква папата Фарнциск разговарал со патријархот на Руската православна црква Кирил, за војната во Украиан, објави Ватикан.
Ова е првпат од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина поглаварите на двете цркви воопшто да разговараат.
-Ние сме пастири на ист свет народ кои верува во Бога, во Света Троица, во Пресвета Богородица и затоа мораме да ги обединиме нашите напори да промовираме мир, да им помогнеме на страдалниците, да бараме начини за мир за да го запреме огнот. Наша должност е како пастири е да бидеме со сите луѓе и да им помагаме на сите оние кои страдаат од војната. И нашите Цркви некогаш зборуваа за света војна или праведна војна. Денес тоа е невозможно да се каже. Се разви христијанската свест за важноста на мирот. Војните секогаш се неправедни. Затоа што Божјиот народ ја плаќа цената за нив. Нашите срца не можат да не плачат за убиените деца и жени, за сите жртви на војната. Војната не е вистинскиот пат. Светиот Дух, кој нè обединува, бара од нас, како пастири, да им помогнеме на народите кои страдаат од војна, изјавил Папата за време на средбата.
Соговорниците ја истакнаа „исклучителната важност на преговарачки процес, кој е во тек“.
Папата Франциск, во неколку наврати во изминатите три недели повикуваше на прекин на воените дејствија и враќање кон дијалогот и предупредуваше на страшната сиромапштија што војната ја остава зад себе.

