Директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, откри дека испратил писмен допис до Синодот на Македонската православна црква (МПЦ) за настапот на владиката Агатангел на 14 февруари – Денот на лозарите во Кавадарци, каде ја критикуваше власта, а ги величаше ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
„Секуларноста како уставноправен концепт може многу рестриктивно да се толкува и многу широко. Различни теоретичари различно ќе го поведат, но теоријата не е толку важна и пресудна. Јас ваквиот настап го квалификувам како крајно несоодветен. Лично, со оглед на прекрасната соработка која ја имам со МПЦ, која имаше став дека се оградува од неговиот личен настап, не би полемизирал медиумски многу во детали за ова. Се што сметав дека е направено како пропуст, го напишав во писмениот допис кој утредента го испратив до Синодот“,
рече Сотировски, одговарајќи на прашањето дали може настапот на Агатангел да се смета како повреда на принципот на секуларност.
Зборувајќи за реакцијата што ја испратил до МПЦ, тој рече дека реакциите не треба секогаш да бидат медиумски експонирани туку треба да се допре до суштината на проблемот.
„Се надевам дека соодветно ќе биде разбрано укажувањето од Светиот архирејски синод и поглаварот, па дури и од митрополитот Агатангел“, очекува Сотировски.
Тој кажа дека претходно имал и други реакции, но веќе подолг период вели дека немало причина.
„Сум имал реакции во повеќе наврати, иако еден подолг временски период немало таква причина како оваа за да се реагира. Но, имало и многу усни разговори. Уште еднаш акцентирам дека имаме воспоставено партнерски однос, навистина разговараме за работите, не се надмудруваме и не дебатираме како спротивставени страни“, рече директорот на Комисијата.
На констатацијата дека не е првпат да слушаме вакви партиско-политички агитации и оти често се случува и во џамиите пред избори верниците да бидат упатувани како треба да гласаат, Сотировски вели дека има сериозни резерви кон пропагирањето личности и партии не само од претставници на верските заедници туку и од сите јавни функционери.
„За мене нема лоша критика кон власта доколку е издржана и секоја власт заслужува, доколку сака да се развива, да биде критикувана. Само така расте. Во тој поглед ништо не би коментирал. Но, имам сериозни резерви по однос на тоа да се пропагираат личности и политички субјекти дури и од лица кои вршат државни функции. Сметам дека не доликува, не само од црковник или верски великодостојник, туку од кој било носител на јавна функција, затоа што покрај правата имате и обврски кои налагаат многу повисоко ниво на одговорност. Вие одговарате пред сите граѓани на државата од кои посредно, во демократски услови, преку нивната изразена волја, сте го добиле мандатот“, рече Сотировски.
Во обраќањето на Св.Трифун – Денот на лозарите, Агатангел ја нарече ВМРО-ДПМНЕ најголемата и најсвета партија, додека партискиот лидер Христијан Мицкоски го нарече „нашиот претседател“ и кажа дека се надева оти Бог и Богородица ќе му помогнат нему (Мицкоски) и на соработниците да го вратат назад она што е свето македонско и нема да дозволат некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на оваа света земја.
На истиот настан во Кавадарци како претставник на Владата присуствуваше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој кажа дека Агатангел ја „извалкал мантијата“, како и дека е „срам за црквата и народот“.
За Мицкоски, пак, говорот на владиката беше достоинствен и, според него, ги рефлектирал националните интереси и повикал на обединување околу нив.


Безмалку бизарниот однос на гласноговорниците на секуларизмот кон здравјето на македонското општество во сите моменти кога Црквата и автентичните процеси за зачувување на македонскиот национален интерес ќе пројават меѓусебно приближување (за жал одамна се сведовме на моменти) ја разрешува секоја дилема околу значајноста на плодовите коишто тоа единство би ги дало. Не толку дамнешното сведоштво на блаженоупокоениот Архиепископ Михаил како пастирски подвиг par exellence од тој вид на овие простори совршено го поставува реперот за суштината на едно величествено, неподелено служење на Бога и на Татковината. Спомнете си само зошто беше Архиепископ на народот! Вратете си ја во срцата неговата силна и незаборавна порака за драгоценоста на единството на македонскиот народ во Татковината и ширум светот, и настојувањето неговите водачи љубовно, будно и трезвено да бдеат над тешко стекнатата слобода и благосостојба! За каква секуларност зборувате Вие? Во име на каква филистарска чистота повикувате на однародување, на напуштање и оцрнување на идеалот на Татковината и со каков инженеринг на обезличување се трудите да го замолкнете гласот на родољубието на еден Епископ, па и на сиот народ веќе долго време? Предавството не може да се релативизира, загубата на суверенитетот (факт и последица на тоа предавство) не можат да се релативизираат. Носителите на тие дејства имаат личен и политички идентитет. Оние врз кои македонскиот народ полага нова надеж за враќање на изгубеното исто така имаат личен и политички идентитет. Да се именуваат тие состојби не е грев туку света обврска, за да се најде посакуваниот излез од една понижувачка и непожелна состојба. Како што Архиепископот Михаил беше еден горостас од витално значење во осамостојувањето на Македонската Држава (и за најклучните одлуки во повлекувањето на најсоодветните личности за обнова на монаштвото во мајчинските пазуви на Македонската Православна Црква) во 1990те години, така денес е скапоцен гласот на Владиката Агатангел како смело и светло потсетување дека од патот на родољубието колебливо се оддалечија личности кои седнаа на највисоки општествени позиции. Се разбира, ако некој од нив се пронајде на страната којашто не ја смета за благословена во тој искрен и добронамерен повик на Митрополитот Агатангел, слободен е со своите постапки да го докаже спротивното. А ако Ви се чини дека тоа е само глас во пустината на удобниот молк на многумина други, не надевајте се дека тој глас просто еднаш ќе замре, заборавен од сите! Вистината, никогаш не умира.
Вашиот став ја претставува едната крајна струја во МПЦ, онаа која никако не може да ја постави границата помеѓу патриотизам и вера (залудно се трудите да го наречете спојот помеѓу двете, синергија бидејќи ако се работеше за синергија, до сега ќе ја препознаевте разликата меѓу вера и нација). Другата струја оди во друга крајност, но само во делот кога треба да се премолчи националниот идентитет (македонскиот) на мнозинството верници во МПЦ, а во корист на сите останати, барајќи во име на православните граѓани од Република С. Македонија признавање ИСКЛУЧИВО од Цариград кое е токму заради тоа неканонско .
За кратко време, за неполни 20 години се сменија работите и во МПЦ и во државата. Срамно е денес да не можеш во својата држава да се наречеш Македонец, не смееш во својата Црква да зборуваш за својата нација и за својот идентитет. Задача на Црквата е да ја чува и проповеда Православната вера но и да ја негува нацијата, културата обичаите…. Во синодот на МПЦ денес нема траги од патриотизмот на Архиепископот Михаил… За жал.
Предходните директори даваа логистичка подршка за патриотизмот во црковните заедници надвор од Македонија. Единствено гласот на Митрополитот Агатангел се слуша но и него сакаат да го угушат.
Зошто нема коментари на оваа веб-страница за коментарите на Партениј за БГНЕС? Со какво право Партениј сака да го менува мојот идентитет? Убаво е тоа што стекнатото монашко искуство надвор од Македонија го пренесува во Македонија меѓутоа тоа не му дава за право да го одредува моето идентитетско потекло. И никој аналитичар (ниту Марјан ниту Бранко па ниту директорот) тоа не го коментира!?Директорот го избегна одговорот околу мешањето на Исламската заедница во изборите во МКД!?
Токму верувањето дека православната црква треба подеднакво да се залага за негување на нацијата, колку и за проповедта на верата е коренот на проблемот во кој се наоѓаме. Црквата има единствен приоритет кој е од исклучително верска природа и не постои никаков друг приоритет покрај него. Негувањето на национални чувства е прашање од сосема друга природа кое Црквата може само да го почитува без да се меша во истото! Само со запазување на овој принцип ќе се спречи било каква злоупотреба на црквата за било какви политички цели.
Токму верувањето дека православната црква треба подеднакво да се залага за негување на нацијата, колку и за проповедта на верата е коренот на проблемот во кој се наоѓаме. Црквата има единствен приоритет кој е од исклучително верска природа и не постои никаков друг приоритет покрај него. Негувањето на национални чувства е прашање од сосема друга природа кое Црквата може само да го почитува без да се меша во истото! Само со запазување на овој принцип ќе се спречи било каква злоупотреба на црквата за било какви политички цели
Како прво, има разлика меѓу ‘вера’ и ‘знаење’. Како второ, се’ што лета не се јаде. Како трето, Македонската Православна Црква на исклучително високо ниво се занимава со негување на чистотата на верата во Христос, со духовниот развој на верниот христијански народ, и стои во нераскинливо, неразделно и неразлачливо единство со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Ако некој нема очи да го види тоа и самосвест (духовни сетила, внатрешна перцепција) да го чувствува и да живее на тоа конкретно духовно рамниште наместо со фантазиите да стекне некаква додадена вредност со томос од Српскиот или од кој било друг Патријарх, тоа е недостаток во неговиот личен развој, а не фактичка еклисијална ситуација. Тоа (преку постојната благодатно-мистична перихореза во Вселенската Црква го знаат и оние коишто од извесни црковни инстанци во Македонија досега се повикувани да го остварат Нејзиното административно признавање; да не беше така одамна со Божја интервенција заради спасение на македонскиот верен народ ситуацијата на терен ќе беше сменета, ако не поинаку и томос ќе беше доделен). Како четврто, сите помесни Православни Цркви се грижат за родољубието кај нивниот верен народ во потребната благоразумна мера со соодветниот христоцентричен пристап, особено во историски контексти на искушенија од тој вид во општествата во кои странствуваат (Српската Православна Црква дури и предничи во ова, кога веќе ја земате за пример). Вашето настојување Црквата да биде сосредоточена единствено на чистотата на духовниот подвиг како странствување заради Христа би го канализирала попрво во воздржување од секое нездраво бавење со меѓуцрковна политика (во средби со претставници на сестрински Православни Цркви) имајќи го предвид фактот на обременетоста на тие претставници токму со багажот на националните интереси на нивните или на “сојузнички” Православни Цркви и очигледната неопитност на македонските црковни претставници (г. Партениј Антаниски на пример) околу одблесоците од тие средби на политички план. Лично не ме интересира како нечие честољубие е задоволено при изложување на својата духовна севкупност на можности на идни интеракции – презентноста не треба да биде предизвик за поткусурување на сопствениот духовен капитал. Постојат и здрави средби со членови на други Православни Цркви, се разбира, и тие може да се негуваат и се негуваат со подвижници чиј опит е мошне благопожелен и неоптоварен со политички намери. Од нив сите имаме полза и взаемна радост на животот во Христа. Но, елементарно својство на христијанскиот подвиг е претпазливоста. Мудроста на змијата и незлобливоста на гулабот ни се неопходни во сите односи.
Како може да очекувате административно признавање кога за да добиете такво нешто вие претходно треба да имате одреден административен статус во Телото на Црквата? Како може да барате нов административен статус за себе без да го почитувате административниот статус на црквата од којашто сакате да се одвоите и одбивате било каква врска со истата, дури и да го споменете името на својот патријарх барем на архиепископска служба? Не се лажете себе, единството на Црквата се чува канонски (на дело), а не душевно и теоретски? Божјата интервенција заради спасение на македонскиот верен народ, како што велите погоре беше направена само што вие сте премнгу зафатени со своите мудрувања за да ја видите!
Претходниот коментатор не го разбрал мојот последен коментар. Потребен е барем минимален мистично-благодатен капацитет за тоа. Ниту посакувам ниту очекувам административно признавање на Македонската Православна Црква. Ниту имам поголема почит кон Цркви со потврден административен статус. Ако само помислите каков административен статус имал Богочовекот Христос…. ама не: вие примате слава еден од друг, а славата од Живиот Бог не ја барате (не ви се открила). Само духовно гол и бос човек може да се храни со документи, со слава и чест од луѓе. Мене тоа не што не ме интересира, туку ми е мрско. Не мислам дека на МПЦ-ОА може да и’ донесе некоја полза на благодатен план. Другото не е ни важно.
А сомот на Српскиот Патријарх да биде мој Патријарх е дефинитивно неостварлив.
А сонот на Српскиот Патријарх да биде мој Патријарх е дефинитивно неостварлив.
Повторувам: на Српскиот Патријарх да биде мој Патријарх е дефинитивно неостварлив.
Без печатни грешки: Српскиот Патријарх не бил, не е и не може да биде мој Патријарх. Тие што го прифатиле за свој Поглавар нека му ја мислат.
Токму во ова лежи целата суштина на вашиот раскол, бидејќи никој не бара од вас да го почитувате патријархот како србин (токму затоа пак ви велам дека вие ги поистоветувате нацијата и верата) туку како патријарх на помесната црква која како и сите останати канонски помесни цркви е орган на Телото Христово. Заради ваквото невоспитание каноните, кои не се обична форма туку имаат своја суштина и смисла која произлегува од самата срж на Црквата, ве дефинираат како расколници! Тоа, зашто душевната сладост која ја чувствувате ја нарекувате благодат, проверете кај светите отци под прелест. Исто така, во контекст на ова проверете ја и параболата од Евангелието каде Господ говори за петте мудри и петте луди невести кои го чекале и останале надвор од Царството.
Не оди тоа така со органите на Телото Христово, Александар. Ниту суштината и смислата на црковните канони можат да Ви помогнат да ја доживеете Тајната на Црквата како Тело Христово. Кога Вие би имале сила да допрете да мојата ипостас преку перихорезата меѓу живите на земјата (тие воопшто не се малубројни!), не би спомнале никаква сладост. Овде нашата преписка заврши.