Збор два за прусуството на молитвата за единство на црквата

Date:

Share post:

Неделата за заедништво на црквата е практика на црквите во западните земји. Црквата домаќин служи вечерна служба, а сите други цркви се нивни гости. Не станува збор за сослужување, туку само за почесно присуство на службата. Спорните прашања меѓу источната и западната црква не се споменуваат, па така нема прозба за поглаварот на Римо-католичката црква и се чита Никео-Цариградскиот Символ на верата без филиокве.

Но, дел од луѓето кои чуле од раскажано, кои сметаат дека имаат монопол на верската вистина, не ретко ги осудуваат православните кои присуствуваат на овие вечери.

Би им советувал ним да се стават во чевлите на православното свештенство кое користи католички или протестантски цркви дадени на трајни користење безплатно за да го соберат своето стадо и да се обидат да дадат одговор како тоа културно ќе бидат неблагодарни и ќе ги ескивираат средбите.

Бидејќи лесно е од православна држава да се биде екстра православен верник и да се фрла со камења, од една страна кон оние кои ни отстапуваат цркви, а од друга страна кон православното свештенство кое од благодарност и куртоазија присуствува на екуменските средби.

Би сакал да споменам дека им благодараме за нивната грижа, но и дека ги знаеме границите колку далеку може да се оди во тие дијалози.

Спремни сме да одиме до границата на оваа дипломатска “ерес” за можноста да ги користиме подарените храмови во кои се црквуваат десетици илјади православни македонци.

И пак ќе повторам дека последниот суд е Негов. И дека јас и моето свештенство сме спремни да го жртвуваме нашето лично спасение за спасението на нашиот верен народ.

/Европска епархија (Фејсбук статус)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img