Вонредна вест:Променет сообраќаен режим за Задушница

Date:

Share post:

Поради верскиот празник Задушница денеска и утре од 6 часот до 16 часот во реонот на гробиштата Бутел ќе има изменет сообраќаен режим, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и кај гробишта во Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“ и кај Камник по улицата „Јужноморавски Бригади“ со улоцата „Роман Каскалиевиќ“.

Како што соопшти МВР, на гробиштата каде се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Од МВР информираат дека поради изведување на градежни работи на улицата „Александар Урдаревски“ во реонот на гробиштата Бутел, кои што се уште траат, дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.

Сообраќајниот режим на движење на возилата во Бутел ќе се одвива по улицата „Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улицата „Боца Иванова“, лево, по „Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

МВР апелира сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...