Верски календар: 27 Јануари
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА/ Св. Сава
Денеска се слави и Свети Сава, првиот Српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Роден е 1169 година. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година. Свети Сава е еден од најголемите празници во Српската православна црква. Тој е создател на Српската црква, а како што пишува СПЦ во неговото житие и со тоа и создател на српската држава и култура. Внесувал мир меѓу сите балкански народи и работел за добро на сите.