Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ деца од струмичката епархија денеска ја посетија општина Струмица. Тие пеејќи ја песната вечниот Бог на градоначалникот Коста Јаневски и вработените од општината им го честитаа претстојните празници. Градоначалникот од името на вработените во општината, но и од името на сите граѓани им се заблагодари за посетата и на сите им подари пригодни коледарски подароци.
– Ни покажаа една убава традиција која што сакаме да ја негуваме, да продолжиме и да покажеме какви песни се пејат во духот на нашето православие и ни причинија огромно задоволство и мене и на вработените, рече Коста Јаневски градоначалник на општина Струмица
Отец Јаков од Струмичката епархија потенцираше дека денешниот настан и симболичната посета на општинската зграда како дом на сите граѓани е во рамки на општата иницијатива на МПЦ ОА да се возобнови древното предание и пеење коледарски песни кои се со христијанска содржина и кои го воспеваат и објавуваат Христовото раѓање.

