Владиката Тимотеј погребан на Плаошник

Date:

Share post:

Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, денеска беше испратен до неговото вечно почивалиште, во јужната апсада на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Со владиката Тимотеј се простија сите членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, свештеници од епархијата, од другите Помесни православни цркви, бројно свештенство од целата земја. Во заупокоената Света архиерејска литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ учествуваа и двајца владици од СПЦ, Врањскиот Митрополи Пахомиј и Викарниот Епископ на Патријархот Алексеј, а од Бугарската православна црква, Старозагорскиот Митрополит Кипријан.

Со опелото и заупокената Литургија чиноначелствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Стефан. Во емотивното обраќање тој му се обрати на упокоениот дедо Тимотеј, дека како негов сослужител, како архиереј во Австралиската и во Дебарско-кичевската епархија оставил дело што, како што рече, „ниту рѓата ќе го нагризи, ниту молците ќе го јадат“. Притоа тој ги спомена сите зафати спроведени во епархијата од страна на Митрополитот Тимотеј, и на молитвениот богослужбен план и во градителството и во возобновувањето на древните светињи со кои изобилуваат Охрид и Дебарско-кичевската епархија.

– Плаошник и Свети Наум, Света Софија и Перивлепта, Бигорски, Пречиста, Канео и Заум и уште други многу светињи сега ни одблизу не се какви што беа и какви што ги наследивте. Дојдовте во вистинско време за паднатите светињи да ги подигнете, а урнатите да ги обновите. Градевте и обновувавте храмови и манастири, обновивте монаштвото, но најмногу од се помогнавте да се обнови и да се ради Црквата во душите на богољубивите и хростожедни луѓе, рече архиепископот Стефан.

Поглаварот на МПЦ уште истакна дека Тимотеј како вистински архипастир и архиереј помогна „Света Софија“ повторно да си го има местото за кое е изградена, да биде храм на Божјата мудрост и да продолжи да биде непоместлив и неосвојлив трон за радост и слава на охридските архиепскопи.

– Работевте неуморно и сиот свој живот и го посветивте на Црквата Христова и Македонска и на својот богољубив македонски народ. Во Охрид доаѓале многу архиереи, некои од тука, некои од подалеку, но времето ќе потврди дека никој не дал колку Вас и како Вас. Па никој не дошол по Свети Климента за да замине, туку за да остане. И не случајно телесно заскогаш ќе се населите на Плаошник, покрај Свети Климента, за и оттаму да продолжите да помагате да се доистражи недоистраженото, да се дообнови недообновеното, и секако и пред се, да се одбрани вистината наша охридска и македонска, рече поглаварот на МПЦ.

На погребот не дојде никој од државниот врв и политичките актери, освен Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни грипи, Оливера Трајковска и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...