Владиката Кирил од Вселенската патријаршија на служба со Владиката Тимотеј во Света Софија

Date:

Share post:

Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј и митрополитот на Имврос и на Тендос г.Кирил, од Вселнската патријаршија, заедно со архимандритот Нектариј и свештеници на МПЦ-ОА со заедничка литургија го одбележаа денот на светите маченички Вера, Наде и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.

Владиката на Вселенската патријаршија веќе неколку дена е во Македонија и покрај службите со Бигорската Обидетл, денеска бил во Охрид.

-Митрополитот Тимотеј се заблагодари и за сета досегашна ангажираност и волја со љубов да се разреши нашето црковно прашање, а изрази и надеж дека Вселенскиот Патријарх и понатаму сесрдно ќе се ангажира за целосно признавање и сеопшто прифаќање на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. На оваа благодарност возврати Митрополитот Кирил, кој  рече: Вселенскиот Патријарх ги пренесува својата братска љубов и прегратки, лично до Митрополитот Тимотеј, и му ја пренесува целата почит, која сите во Фанар ја имаат за нашиот Митрополит. Денешните доблести и славенички, Вера, Надеж и Љубов, ги препознаваат во нашиот Митрополит, кој е облечен со мудрост, и се молат да продолжи по истиот пат како и досега, да се залага за издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија, велат од Дебарско-кичевската епархија.

Митрополитот Кирил му предаал на Владиката Тимотеј копија од иконата Достојно ест, најчудотворната икона на Пресвета Богородица на Света Гора. Митрополитото Кирил рекол дека патот што ѝ претстои на МПЦ-ОА (Охридската Архиепископија) е трнлив, но верува, исто како и Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, дека сето тоа ќе се надмине со помош на Митрополито Тимотеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Анализа: Молитвата среде дигиталниот шум – пат кон свесност во време на брдо информации

Современиот човек живее во постојана бура од информации. Тој се буди со нотификации, заспива со светлинатаод екранот, а...

Папата Лав XIV преку видео порака до Конференција во Бразил: Ние сме чувари на созданието, а не конкуренти во неговото искористување

На маргините на конференцијата COP30, којашто се оддржува во Бразил, папата Лав XIV испратил видео порака до бискупите...

Во Софија одржана Национална конференција на наставниците по религија: Потребни системски решенија за предметот во училиштата

Од 14 до 16 ноември, 78. средно училиште „Христо Смирненски“ во Банкја било домаќин на Националната конференција на...

Американски конгресмени бараат истрага: Руски разузнавачки служби можеби користат православни цркви во САД

Група републикански пратеници од Претставничкиот дом на САД упатиле писмо до американската државна обвинителка Пам Бонди со барање...