Повардарската епархија и годинава ќе ја организира традиционалната групна крштевка. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес, во водите на реката Бабуна во Велес.
Д
евттата групна крштевка ќе се случи на 16 јули, сабота. Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години.
Од повардарската епархија соопштуваат дека пријавувањето ќе се врши секој работен ден во просториите на епархијата во Велес од 08 -16 часот.

