Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност, помагајќи на повеќе од 1,45 милиони лица низ целата земја. Овој износ претставува значително зголемување во однос на претходната година, кога биле издвоени 119,3 милиони евра.
Според податоците на Синодалната комисија за социјална благосостојба, Архиепископијата на Атина и митрополиите на Црквата на Грција во текот на годината распределиле 2,72 милиони килограми храна и реализирале илјадници проекти за помош на сиромашните, болните и семејствата со различни потреби.
Покрај тоа, Светиот Синод ја одобри иницијативата за потпишување меморандум за соработка со Министерството за надворешни работи на Грција, со цел промовирање на духовната и културната мисија на Црквата и унапредување на односите со институциите на Европската Унија.
/Црковен журнал ЛОГОС

