Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во иднината на Скопје

Date:

Share post:

На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје од СДСМ, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе.

-Денеска не сме тука само да им честитаме на наставниците, туку и да зборуваме за она што е суштината на секое напредно општество – образованието. Скопје ја гради својата иднина преку училиштата, преку наставниците и преку младите кои секојдневно учат и создаваат, изјави Цаневска.

Во рамки на програмата „Образование и можности“, Цаневска најави повеќе проекти кои го ставаат образованието во центарот на развојот на градот. Еден од клучните приоритети е изградбата на нова гимназија во Општина Аеродром, општина со над 80.000 жители, која засега нема ниту едно средно училиште од тој тип.

-Новата гимназија ќе биде современо, енергетски ефикасно и пристапно училиште, со спортска сала, социјални простори и услови за вистинско образование од 21. век“, рече Цаневска, додавајќи дека тоа ќе биде инвестиција која ќе го поддржи растот на младата популација во овој дел од градот.

Цаневска најави и зголемување на поддршката за младинските иницијативи за 300%, потенцирајќи дека младите не се само иднината, туку и сегашноста на градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img