На денот кога Црквата го слави споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, митрополитите Агатангел, Пимен и Јосиф служеа светата заупокоена литургија.
По литургијата се отслужи трисагија за починатите во Кочани и се принесоа и молитви за оздравување на сите кои се по болниците.

